26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕрдоган попушти: Анкара им даде дозвола на Финска и Шведска да влезат...

Ердоган попушти: Анкара им даде дозвола на Финска и Шведска да влезат во НАТО

Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска потпишаа меморандум за проширување на НАТО со овие две земји.

Турција ќе ја поддржи поканата на Финска и Шведска да влезат во Северноатлантската алијанса, соопшти Кабинетот на претседателот на Финска.

Финскиот претседател Саули Ниинистиразговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шведската премиерка Магдалена Андерсон во Мадрид во вторникот, во присуство на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

-Како резултат на оваа средба, министрите за надворешни работи на нашите земји потпишаа троен меморандум со кој се потврдува дека Турција ќе ја поддржи поканата на Финска и Шведска да станат членки на НАТО на самитот во Мадрид, соопштија од кабинетот на Ниинисти.

Сојузниците во Северноатлантската алијанса во следните два дена ќе договорат конкретни чекори за влез на двете нови земји.

– Постигнат е трилатерален договор – беше кажано во НАТО, а повеќе детали наскоро треба да открие генералниот секретар Јенс Столтенберг.

Според РИА Новости, Финска, како членка на алијансата, има намера да се придржува до документите и политиките на НАТО за борба против тероризмот, но во исто време Хелсинки ќе продолжи да дејствува во согласност со националното законодавство.

За возврат, канцеларијата на Ердоган соопшти дека Финска и Шведска ветиле дека нема да ја поддржат забранетата турска Курдистанска работничка партија (ПКК) и организацијата на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен (ФЕТО) и дека ќе се откажат од политиката на ембарго против турската воена индустрија.

Анкара, исто така, посочи дека Хелсинки и Стокхолм се обврзале на промени во националното законодавство во областа на борбата против тероризмот и одбранбената индустрија.

Финските медиуми денеска објавија и дека Турција, Шведска и Финска подготвуваат заеднички меморандум за решавање на прашањата кои се спорни за Турција во врска со приемот на двете скандинавски земји во НАТО.

Финска и Шведска на 18 мај поднесоа барања до генералниот секретар на НАТО за влез во алијансата поради војната во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП