Германскиот производител на автомобили „Mercedes“ одлучи целосно да го прекине производството на својата „A-Сlasѕ“ за три години, пишува весникот „Handelsblatt“.
Производството ќе биде прекинато од 2025-та година, а оттогаш нема да се произведува ниту една варијанта на оваа класа, велат извори од концернот.
Според „Handelsblatt“, „Mercedes“ ќе го прекине и производството на „B-Class“.
И двата модели, како што се наведува, се сметаат за неисплатливи во компанијата.
„Mercedes“ во мај објави дека планира да се фокусира на луксузните класи и сака да продаде повеќе модели од „S-Сlasѕ“, но и од „Maybach“ и од „AMG“.
Па кој сака да купи „Mercedes“ во иднина ќе мора да смета дека најевтиниот модел ќе чини од 40.000 евра па нагоре.
„А-Сlasѕ“, која беше пуштена во продажба во октомври 1997-ма година, е поврзана првенствено со „тестот на лос“, кога овој модел на автомобил покажа недостатоци за време на тестовите на шведски медиум и се преврте.
Како одговор на овој проблем кога се соочувате со ненадејни пречки, „Mercedes“ инсталираше сериска „ESP“ програма за стабилизација на возилата во „А-Сlasѕ“.