26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГ-7 започна финансиско ветување за борба против кризата со храна

Г-7 започна финансиско ветување за борба против кризата со храна

Групата богати земји Г-7 денеска ќе го заврши тридневниот самит на Баварските Алпи со посветеност на големи финансиски средства за борба против кризата со храна предизвикана од руската инвазија на Украина, пишува германската агенција „DPA“.

Лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Соединетите држави имаат намера да издадат декларација во која ќе се сумира целиот напредок постигнат на самитот во замокот Елмау, а германскиот канцелар Олаф Шолц, овогодинешниот домаќин на самитот, ќе одржи прес-конференција.

Војната во Украина, која сега е во својот петти месец, го спречува житото да ги напушта пристаништата и ги зголемува светските цени на храната, а експертите предупредуваат на потенцијален глад во делови од Африка. Москва ги обвинува западните санкции за кризата со храната.

Лидерите на земјите-членки на Г-7 покажаа единство среде руската инвазија на Украина и постигнаа напредок во некои прашања, вклучително и намалување на зависноста од руската енергија, казнени мерки за Русија и поддршка за украинската страна во конфликтот. Сите лидери на Г-7, освен јапонскиот премиер Фуми Кишиде, по самитот ќе отпатуваат во Мадрид за да присуствуваат на состанокот на НАТО, кој ќе биде клучен за зајакнување на одбранбената политика по инвазијата на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП