26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДигитализацијата и трошоците ги затвораат филијалите на банките во Германија

Дигитализацијата и трошоците ги затвораат филијалите на банките во Германија

Банките во Германија затвораат се повеќе филијали поради дигитализацијата на услугите и зголемените трошоци.

„Минатата година бројот на филијали е намален за 10 отсто, на 21.712“, соопшти германската централна банка.

Банките затворија 2.388 филијали во 2021 година, по 2.567 претходната година. Бундесбанк соопшти дека онлајн банкарството и мерките за штедење стојат зад овој тренд.

Минатата година имало и 1.519 независни кредитни институции, што е за 160 помалку од 2020 година.

„На банкарското небо се собираат облаци поради промените на каматните стапки, слабеењето на економскиот раст и зголемената инфлација, затоа ги советуваме банките да се грижат за трошоците и доколку е потребно, да се обединат“, изјави Јоаким Вурмелинг, член на извршниот одбор на Бундесбанк.

Помал број филијали значи дека германскиот банкарски систем е во фаза на реструктуирање и консолидација.

Минатата година германските банки затворија четири подружници во странство, па сега, според последните податоци, ги има 79.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП