29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија за нападот на трговскиот центар: Гаѓавме складирана муниција од западот

Русија за нападот на трговскиот центар: Гаѓавме складирана муниција од западот

Руското Министерство за одбрана тврди дека пожарот во трговскиот центар во Кременчук бил предизвикан од „детонирање на складирана муниција од западот“. Сепак, како што пишува Гардијан, не е понуден ниту еден доказ за тоа тврдење.

„Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат со нападите врз воените објекти на територијата на Украина. „На 27 јуни во градот Кременчук, руските воздушни и вселенски сили извршиле со високопрецизно оружје во хангар за муниција добиени од САД и европските земји”, се вели во оперативниот брифинг на Министерството за одбрана.

Русите посочуваат и дека како резултат на тој удар било погодено оружје и муниција од западно производство, кои се концентрирани во магацинот за понатамошна испорака на украинската група војници во Донбас, пренесува Гардијан.

„Детонацијата на складираната муниција за западно оружје предизвика пожар во нефункционален трговски центар лоциран веднаш до фабриката“, се додава.

Најмалку 36 лица се уште се водат како исчезнати откако руски проектилот го погоди трговски центар во градот Кременчук, изјавија украинските обвинители за Гардијан.

Се верува дека загинале 18 лица. Воен персонал, доброволци, пожарникари и полиција постојано работат на извлекување на телата од урнатините. Властите проценуваат дека попладнево во трговскиот центар имало меѓу 200 и 1.000 луѓе. Многумина успеале да побегнат во блиското засолниште кога се слушнале сирени за напад. Останатите кои не стигнале на време да се евакуираат останале заробени во зградата.

Руското Министерство за одбрана вчера сугерираше дека штетата предизвикана од руските ракети во станбениот кварт на Киев за време на викендот се должат на обидите на Украинците да ги соборат, па се додава дека Русија не цели на цивилни области.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП