19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЦипрас: Подобро да не даваш ветувања ако не си во позиција да...

Ципрас: Подобро да не даваш ветувања ако не си во позиција да ги исполниш

„Подобро да не даваш ветувања ако не си во позиција да ги исполниш“, вели експремиерот на Грција, Алексис Ципрас, во интервју за „Евроактив“. Тој ова го рече во врска со европската перспектива на земјите од регионот и позицијата на ЕУ за Западен Балкан.

„Одлуката на Европската Унија на самитот ја потврдува некредибилноста на Европа кон оние земји што направија многу важни чекори и континуирано се одложува перспективата за датум за пристапни преговори. Подобро да не даваш ветувања ако не си во позиција да ги исполниш“, рече Ципрас.

За кандидатурата на Украина, смета дека овој статус не значи ништо и земјата може да остане да чека со години.

„Мислам дека ова е уште еден пример за неспособноста на Европската Унија во целина да носи колективни одлуки со стратешки фокус. И мислам дека веќе плаќа за тоа и ќе го плати во иднина“, рече Ципрас, меѓу другото.

За ЕУ-перспективата на регионот, Ципрас вели дека „сигурно договорот од Преспа не беше бадијала бидејќи е договор што ги врати Западен Балкан на патека на стабилност и нашиот регион во перспектива на мир и соработка далеку од влијанијата на третите сили во регионот, како што се Турција и Русија, кои имаа големо влијание на регионот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП