25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДали спортските автомобили се осудени на пропаст?

Дали спортските автомобили се осудени на пропаст?

Тековните промени во глобалната побарувачка на потрошувачите за автомобили одредуваат кој ќе победи, а кој ќе изгуби во следните години.

Додека продажбата на автомобили продолжува да се соочува со предизвици и економиите во светот се подготвуваат за претстојната рецесија, постои еден посебен сегмент кој е во многу тешка ситуација – оној на спортските автомобили, напиша еден од врвните експерти во индустријата во својата анализа – Фелипе Муњоз од „JATO Dynamics“.

Бројките се многу јасни – во последните седум години, глобалната продажба на спортски автомобили, вклучувајќи купе, кабриолет, супер и хиперавтомобили е намалена за 34%, од 570.000 единици во 2015-та година на само 375.000 примероци во минатата година. Според тоа, падот не е само последица на пандемијата, затоа што започна во 2016-та година, забрзувајќи се во 2020-та година.

Со други зборови, спортските автомобили забележаа најниска продажба во 2021-ва година, барем од 2014-та година (оттогаш, експертите на „JATO“ водат попрецизна статистика). Причините за намалениот интерес ги има повеќе, но главната е незаинтересираноста на кинеските потрошувачи за овој тип на автомобили. За разлика од големата продажба на седани и теренци или дури и „MPV“, спортските автомобили едвај успеваат да го привлечат вниманието на азиската публика. Тие претставуваат 0,07% од продажбата на лесни возила во Кина во 2021-ва година, скоро 18.000 единици. И тоа е многу лош резултат во споредба со 9,73 милиони теренци и 8,38 милиони седани.

Само во САД, кој е нивниот главен пазар, овие автомобили се многу барани. Во 2021-ва година, американските потрошувачи купија речиси 220.000 спортски автомобили, што е за 3% помалку од 2020-та година, но нивниот удел е поголем отколку во Кина – 1,5% од вкупната продажба. Севкупно, обемот на САД сочинува 59% од глобалната побарувачка за овие возила.

Спортските автомобили имаат свои проблеми и во Европа. Побарувачката во 2021-ва година изнесуваше речиси 71.000 единици, што е намалување за 9% во однос на 2020-та година. Нивната продажба е само 0,49% од вкупната на континентот, а еве и други причини. Главниот е бумот на „SUV“ моделите. Тие не се натпреваруваат директно со спортските автомобили, но некои од нив нудат уште поголеми перформанси. Минатата година беа продадени 3,05 милиони теренци, што е пораст од 19%.

Лидери по продажба во сегментот на спортски автомобили се „Ford“, „Chevrolet“, „Porsche“ и „Dodge“. Најпопуларен ваков модел во светот е „Ford Mustang“ со 69.600 продажби, а потоа „Dodge Challenger“. „Chevrolet“ продаде помалку единици од „Camaro“, но „Corvette“ се покажа доста добро, затоа што продажбата порасна за 53%.

Во случајот на „Porsche“, најголемиот дел од продажбата доаѓа од иконата „911“, која продолжува да има добри перформанси. „Mazda“ ја зголеми понудата на „MX-5“, а „Ferrari“ импресионира најмногу благодарение на „Рома“. „Lexus“ со „LC“ и „Aston Martin“ со „Vantage“ исто така добро функционираат. Сепак, сега треба да откриеме дали сегментот ќе ја преживее новата регулатива за емисии и електрификација на индустријата без придонесот на Кина во однос на обемот на продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП