19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПутин: Испраќаме ракети на Белорусија кои можат да носат нуклеарни боеви глави

Путин: Испраќаме ракети на Белорусија кои можат да носат нуклеарни боеви глави

Рускиот претседател Владимир Путин во разговор со Александар Лукашенко изјави дека САД испорачале околу 200 парчиња нуклеарно тактичко оружје во Европа.

Тој додаде дека за таа цел се подготвени 257 борбени авиони од повеќе земји членки на НАТО. Путин потврди дека во наредните месеци Москва ќе и испорача на Белорусија нови тактички ракетни системи со краток дострел Искандер М, пренесува ТАС. Станува збор за ракети кои можат да носат нуклеарни боеви глави.

„Во согласност со нашиот претходен договор, беше одлучено да испорачаме тактички ракетни системи Искандер-М на Белорусија во наредните месеци, кои, како што знаете, користат и балистички и крстаречки ракети и во стандардни и во нуклеарни модификации“, рече Путин.

Дополнително, рускиот претседател го информираше претседателот Лукашенко дека руската влада е во близок контакт со надлежните агенции на ОН за прашањето за глобално снабдување со жита и вештачки ѓубрива.

„Повторувам дека ќе се вратиме на прашањата кои се најитни, а тоа е снабдувањето со храна и ѓубриво на глобално ниво. Во директен контакт сме со надлежните специјализирани агенции на ОН“, рече Путин.

На снимката од средбата со Лукашенко, која на социјалните мрежи ја објави репортерот на државната телевизија „Русија 1“, Путин потсети дека Русија и Белорусија се главните добавувачи на ѓубрива на светскиот пазар, објави претходно Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП