30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден планира да воведе санкции за руското злато

Бајден планира да воведе санкции за руското злато

Американскиот претседател Џо Бајден и највисоките функционери на земјите-членки на Г7 треба да договорат забрана за увоз на нови количини злато од Русија како дел од зајакнувањето на санкциите воведени поради руската војна против Украина.

Соединетите Држави го обединија западниот свет во воведувањето брзи и остри економски санкции кон Русија со цел да му ги ускратат на Кремљ изворите на приходи потребни за финансирање на војната во Украина, пишува Ројтерс.

Според добро информиран извор од Вашингтон, американското Министерство за финансии следниот вторник ќе донесе одлука да го забрани увозот на нови количества злато во САД со цел дополнително да ја изолира Русија економски и да ја спречи да работи на светскиот пазар на злато.

Министерството за финансии на САД одби да ги коментира овие тврдења.

Русија секоја година произведува околу 10 отсто од златото ископано во светот, а нејзините златни фондови се тројно зголемени откако го анектираше Крим во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП