28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

Сараево – Единствената комерцијална банка во Федерацијата БиХ во државна сопственост Унион банка, денес појде во освојување на босанскохерцеговскиот пазар со отварање и редизајнирање на подружници во Сараево. Откако се објавени новите стратешки цели и амбициозните планови на банката и откако управата на Унион банка во текот на разговорите со претставниците на домашни и меѓународни медиуми соопшти дека изминатите месеци дошло до суштински промени во банката и најави дека Унион банка наскоро ќе стане значаен играч на финансискиот пазар, вчера е отворена и првата редизајнирана подружница на банката. Како што рече и генералниот директор на банката Сенад Реџиќ, Унион банка оваа година е во деловен пресврт, со ориентација на јакнење на пазарната конкуренција и позиција.

Њујорк – Германците кои ги избегнале даночните обврски со помош на компјутери во Швајцарија, сега донесуваа многу пари во земјата и ги кријат на чудни места. Откако швајцарските банки се најдоа во центар на меѓународната борба против затајување на данокот, владата на таа земја повеќе не сака банкарската индустрија да ја управува со непријавени средства. Ова барање, заедно со тужбата која неодамна е покрената против претседателот на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, Ули Хенес, поради затајување на данок и тајна сметка во Швајцарија, предизвикаа страв кај затајувачите на даноци, пишува њујоршката агенција Блумберг.

Белград – Компанијата Истмен Кодак објави успешно излез од процесот на банкротство и продолжување на трансформацијата во помала и поефикасна компанија. Некогаш водечката светска компанија на пазарот за фотоапарати Истмен Кодак, доби дозвола од судот да го спроведе во дело планот за излез од банкрот и трансформација во помала компанија фокусирана на пазарот на дигитални фотографии. Ова е крај на 18 месеци долгиот процес кој почна во јануари 2012 година, кога високите трошоци и предоцниот влез на дигиталниот пазар оваа компанија ја доведоа на раб на пропаст.

najnovi-vesti1

Брисел – Статистичката агенција на Европската унија Евростат, ја зголеми проценката на економскиот раст за 27 земји членки на ЕУ, во вториот квартал на 0,4 отсто. Евростат во споредба со претходниот квартал стопанскиот раст го процени на 0,3 отсто и констатираше дека тој економско-политички блок на земји излегол од рецесија.

Москва – Владимир Путин призна дека темпото на стопанскиот раст во Русија е успорено, но негираше дека поради тоа ќе има драстично намалување на буџетските трошоци. Претседателот на Русија Владимир Путин во интервјуто за Првиот канал на националната телевизија и американската агенција Асошиетед прес, рече дека расходите на рускиот буџет можат да бидат намалени во однос на реалната економска состојба, но дека секако нема да има остри намалувања на трошоците. Според зборовите на рускиот претседател, драстично намалување на буџетските трошоци обично се случува во земји кои се соочуваат со големи, негативни промени во сопствената економија.

Москва – Компанијата Гаспром во првиот квартал во 2013 година оствари приход од продажбата на гас во износ од 43,9 милијарди долари и профит од 20 милијарди долари. Овие резултати ги надминаа очекувањата на аналитичарите. Забележан е раст на сите главни индикатори во работењето на Гаспром, додека европскиот пазар за гас продолжува да зајакнува, а резултатите од првото тромесечје 2013 година покажаа континуирана позитивна долгорочна побарувачка за рускиот природен гас.

Берн – БДП на Швајцарија порасна за 0,5 отсто во второто тромесечје оваа година во однос на претходниот квартал, т.е. за 2,5 отсто на годишно ниво. Во соопштението на швајцарскиот Државен секретаријат за стопанство, кое го пренесе швајцарскиот весник 20 минит, се наведува дека главниот позитивен импулс за стопанскиот раст во периодот април-јуни го дала потрошувачката на домаќинствата која скокнала за 0,7 отсто, а за прв пат за една година инвестициите во опремата се зголемени за значителни 2,9 отсто.

Љубљана – Словенечката т.н. лоша банка, како клучен дел од напорите на таа земја во избегнување на меѓународна помош, во октомври ќе ја прими првата рунда токсични активи. – Се договоривме првите резултати на стрес тестот над НЛБ (најголема државна банка) да ги добиеме во октомври, кога ќе почне префрлувањето на лошите активи во Банката за управување со имотот на компанијата БАМЦ, – рече гувернерот на централната банка на Словенија, Боштијан Јазбец. Тој додаде дека резултатите од надворешните стрес тестови и проценката на квалитетот на активите за 9 преостанати банки ќе бидат познати до крајот на ноември или најдоцна до декември.

Брисел – Јавниот долг на Белгија во јули изнесувал 375,478 милијарди евра, соопшти националната агенција за следење на државниот долг. Вкупниот број на нето долгот на Белгија, кој подразбира БДП без портфолио на вредносни хартии и финансиски пласмани, кон крајот на јули оваа година изнесувал 360,358 милијарди евра, што е за 2,003 милијарди помалку од јуни 2013 година, пренесоа белгиските електронски медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП