26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТОткриен планот на Путин: Руските ракети насочени кон Лондон?

Откриен планот на Путин: Руските ракети насочени кон Лондон?

Блискиот сојузник на Владимир Путин, Андреј Гуруљов, предупреди дека Лондон ќе биде првиот град што ќе биде бомбардиран во случај на нова светска војна.

Гуруљов гостувајќи на руската телевизија Канал 1 изјави дека главниот град на Велика Британија ќе биде првиот на удар доколку блокадата на Калининград доведе до војна.

„Ќе уништиме цела група непријателски вселенски сателити за време на првата воздушна операција. Никој нема да се грижи дали се Американци или Британци, сите ќе ги гледаме како НАТО.

Второ, ќе го омекнеме целиот систем за противракетна одбрана.

Трето, сигурно нема да почнеме од Варшава, Париз или Берлин. Прв на удар ќе биде Лондон. Кристално е јасно дека заканата за светот доаѓа од англосаксонците“, рече Гуруљов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП