29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛуѓето што медитираат побавно ја губат мозочната маса

Луѓето што медитираат побавно ја губат мозочната маса

Лицата кои долготрајно медитираат имаа забавена загуба на мозочната маса во поодмината возраст, покажа новото истражување.

Луѓето кои се занимавале со медитација просечно 20 години имале поголем волумен на мозокот од просечен човек, соопштија научниците во магазинот Frontiers in Psychology.

Познато е дека волуменот на сивата материја се намалува со тек на годините, а водачите на истражувањето очекуваа дека ќе видат повеќе мозочна сива маса само во одредени делови на мозокот кај лицата кои со години се занимаваат со медитација.

„Гледаме дека тој ефект е проширен на целиот мозок“, вели Флориан Курт од универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.

Курт вели дека неговиот научен тим врз основа на ова истражување не може да тврди дека медитацијата довело до помала загуба на мозочната маса бидејќи и други навики на таквите лица можат да влијаат врз волуменот на мозокот.

Претходните истражувања покажаа дека медитацијата може да го поправи вниманието, памтењето, говорот, креативноста и способноста за работа.

Во рамки на истражувањето научниците го снимале мозокот на 50 лица кои се занимаваат со медитација, како и на 50 лица од општата популација на возраст од 24 до 77 години. Снимките на мозокот покажале дека мозокот со текот на годините се намалува, но кај луѓето што се занимавале со медитација бил подобро зачуван.

„Ова истражување покажа дека вреди да се размислува за медитација“, вели Курт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП