Цените на горивата на Стариот континент повторно растат, а ЕУ стравува дека наскоро би можеле да ја надминат астрономската граница од три евра за литар. Ова е директна последица на европскиот шести пакет санкции, кој предвидува забрана за увоз на руска нафта што се испорачува со бродови. И во Европа се плашат од недостигот што го очекуваат во лето. Проблем ќе биде и керозинот што ги движи авионите. Аналитичарите предупредуваат дека кризата најверојатно ќе биде посилна отколку за време на нафтениот шок во 1970-тите.
Во Словенија претходните денови имаше недостиг на некои бензински пумпи, бидејќи граѓаните стравуваат од поскапување на реалните залихи. Хрватска во вторникот ги замрзна цените на сите бензински пумпи, освен на автопатите, за да не надминат две евра. Овој потег претставува голем удар за бизнисот на малите трговци, бидејќи тие ќе бидат во загуба и се проценува дека ќе мора да го стават клучот на врата. Црногорскиот премиер рече дека Владата ќе направи се за да го спречи понатамошниот раст на цената на горивата, но не прецизираше што точно. Кај нас, засега нема никакви најави за замрзнување на цената или намалување на акцизата за горивата.

