24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Мишел: За Северна Македонија продолжува работата кон брзо изнаоѓање на прифатливо решение

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел по самитот ЕУ – Западен Балкан на Твитер напиша дека „На ЕУ и треба Западен Балкан и на Западен Балкан му треба ЕУ“.

Тој го поддржа повторното покревање на процесот на интеграција, со осврт посебно кон земјава.

„За Северна Македонија, продолжува работата кон брзо изнаоѓање заемно прифатливо решение“ – истакна Мишел.

Изјавата доаѓа откако беше откажана прес-конференцијата на лидерите на ЕУ што требаше да се одржи по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на која требаше да се обратат францускиот претседател Емануел Макрон, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП