20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАКовачевски: Францускиот предлог е неприфатлив

Ковачевски: Францускиот предлог е неприфатлив

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека францускиот предлог е неприфатлив за него и за неговата држава.

„Северна Македонија е кандидат 17 години. Еве сме тука денес, а преговорите не се почнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние, Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка, која не успеава да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат. Билатералните прашања не смее да станат мултилатерален проблем. Како земја, која е посветена на заедничко решавање, влеговме во преговори со Бугарија да најдеме решение со европски вредности. Со месеци времето го посветувавме на иднината. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада, која никому не му оди во прилог. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања. Што се однесува до францускиот предлог, тој е неприфатлив за Македонија.

„Предлогот што би бил прифатлив за Македонија мора да содржи: чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет. Историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка“, порача Ковачевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП