20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗемјотрес во Авганистан: Талибанците бараат меѓународна помош, загинаа најмалку 1.000 луѓе

Земјотрес во Авганистан: Талибанците бараат меѓународна помош, загинаа најмалку 1.000 луѓе

Талибанците бараат меѓународна помош во Авганистан, по разорниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, во кој загинаа најмалку 1.000 луѓе, а 1.500 беа повредени.

Не е познат бројот на затрупани во урнатините на урнати куќи, често градени од кал.

Спасувачките напори се отежнати поради обилните врнежи од дожд и недостатокот на ресурси.

Преживеаните и спасувачите за Би-Би-Си изјавија дека селата во близина на епицентарот на земјотресот се целосно уништени.

Многу патишта се непроодни, а телефонската комуникација е отежната.

Најсмртоносниот земјотрес што ја погоди земјата во последните две децении е голем предизвик за Талибанците, кои ја вратија власта минатата година по падот на владата поддржана од Западот.

Авганистан е во средина на хуманитарна и економска криза, а Абдул Кахар Балки, висок талибански функционер, рече дека владата „не е финансиски способна да им помогне на луѓето до степен што е потребно“.

„Помошта треба многу да се зголеми бидејќи ова е разорен земјотрес што не сме го доживеале со децении“, додаде тој.

Од Обединетите нации велат дека се целосно мобилизирани поради оваа катастрофа, дека на пат се здравствени тимови, медицински материјали и храна.

Земјотресот ја погоди провинцијата Пактика, а на фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат спасувачи, луѓе на носилки, урнатини и урнати куќи.

Епицентарот на земјотресот бил на 44 километри од градот Коста во југоисточен Авганистан.

Земјотресот се случил во раните утрински часови, кога повеќето луѓе спиеле.

Во оддалечените делови на земјата, хеликоптери ги превезуваат жртвите во болниците.

Хибатулах Акунџада, лидерот на талибанците, рече дека стотици куќи се уништени, а бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП