29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Нападот на Сирија ќе биде лош за светската економија“

„Нападот на Сирија ќе биде лош за светската економија“

svetskaekonomija2

Кина предупреди дека евентуалниот воен напад на Сирија ќе ја загрози светската економија, особено поради тоа што ќе предизвика раст на цената на нафтата.

„Воената акција ќе има негативно влијание на светската економија, особено на цената на нафтата“, изјави кинескиот министер за финансии Жу Гунгао на конференцијата за новинари на маргините на годинешниот Самит Г20 во Санкт Петербург.

Жу повика на политичко решение на конфликтот во Сирија, пренесува агенцијата Ројтерс.

Ситуацијата во Сирија ќе биде една од главните теми на дводневниот самит на групата Г20.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП