8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Еврозоната е далеку од стагфлација

ЕЦБ: Еврозоната е далеку од стагфлација

Во моментов, економијата на еврозоната е далеку од стагфлација, слична на онаа од 1970-тите, се вели во анализата на Европската централна банка (ЕЦБ), цитирана од „Bloomberg“.

Иако очекувањата за економски раст се намалени, а оние за инфлација се зголемени по руската инвазија на Украина, сепак се очекува економската активност да се зголеми следната година, а инфлацијата да забави под целта на ЕЦБ од 2% во втората половина на 2023-та година.

„Сегашните експертски прогнози остануваат далеку од стагфлациско сценарио. Сепак, неизвесноста е зголемена“, велат експертите во извештајот на банката.

Според нив, некои разлики меѓу сегашната ситуација и 70-тите „го прават развојот на стагфлацијата помалку веројатен во моментов“.

На последниот состанок во јуни, ЕЦБ ги потврди плановите за зголемување на каматните стапки следниот месец како одговор на високата инфлација. Покрај тоа, канцеларијата на Кристин Лагард ги зголеми очекувањата за инфлација. Се предвидува дека годишната инфлација ќе достигне 6,8% во 2022-ра година (во споредба со 5,1% во март), 3,5% во 2023-та година (во споредба со 2,1% во март) и 2,1% во 2024-та година (наспроти 1,9% во март).

Голем број други централни банки во регионот и пошироко направија таков потег, вклучително и Банката на Англија (ACB), Централната банка на Јужна Кореја, Централната банка на Австралија, Банката на Финска и други.

Претходно истиот ден, Френк Елдерсон од ЕЦБ изјави дека банките во еврозоната постигнуваат „видлив“ напредок во управувањето со ризиците од климатските промени, но сепак може да бидат потребни години за да се исполнат очекувањата на регулаторот.

„Мислам дека е разумно банките да можат целосно да ги исполнат нашите очекувања најдоцна до крајот на 2024-та година“, рече Елдерсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП