19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва лето парите се најголемиот проблем за патување (ИНФОГРАФИК)

Ова лето парите се најголемиот проблем за патување (ИНФОГРАФИК)

По две години ограничувања и забрани поврзани со Ковид, туристите се упатуваат на плажите за летување. Меѓутоа, ако можат да си го дозволат тоа.

Трошоците за живот нагло се зголемија во последните месеци и многу семејства беа принудени да ги преиспитаат своите планови за одмор, вклучително и целосно да се откажат од тоа, пишува „Statista.com“.

Според меѓународната студија спроведена од „Ipsos“, парите се најголемата пречка за туристите ова лето.

Вкупно 45% од Американците кои немаат планови за летни патувања оваа година велат дека не можат да си дозволат одмор, а 33% велат дека ќе се воздржат од патување за да заштедат пари.

Во меѓувреме, само 15 отсто од оние кои нема да патуваат во Соединетите држави велат дека Ковид-19 останува главната причина да се остане дома ова лето.

Трендот е сличен и во Европа. Вкупно 29% од испитаниците во Европа не планираат да патуваат за време на летните одмори, а 41% не можат да си го дозволат тоа, а 26% сакаат да заштедат пари.

„Ковид“ игра уште помала улога за Европејците ова лето, бидејќи само 11 отсто од оние што не патуваат ја наведуваат пандемијата како причина да се откажат од летниот одмор.

Што се однесува до Американците и Европејците кои патуваат летово, податоците покажуваат дека буџетите за одмор значително се зголемуваат во споредба со минатата година.

Во Европа, просечниот буџет за летно патување е 1.900 долари, што се движи од 1.020 долари во Полска до 2.922 долари во Швајцарија. За Соединетите Држави, просечниот буџет надминува 2.700 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП