20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонечно пристигна караванот „BMW M3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Конечно пристигна караванот „BMW M3“ (ФОТО/ВИДЕО)

Долго најавуваниот ривал на „Audi RS4 Avant“ и на „Mercedes AMG C63 Estate“ ја виде светлината на денот.

Вљубениците во „BMW“ со години сакаат седан „М3“ со високи перформанси. По многубројните најави, баварскиот производител конечно го претстави „M3 Touring“.

Моќниот караван под хаубата го крие познатиот твин-турбо 3.0-литарски шестцилиндарец кој произведува 510 ks (375 kW) и 650 Nm вртежен момент. Моторот е поврзан исклучиво со осум-брзински автоматски менувач, кој ја испраќа енергијата преку стандарден погон „M xDrive“ на сите тркала.

Овој погон му овозможува на „BMW M3 Touring“ да ги „катапултира“ возачот и патниците од нула до „стотка“ за 3,6 секунди, пред автомобилот да ги достигне електронски ограничените максимални 280 km/h.

Се разбира, „M3 Touring“ има повеќе од мотор со високи перформанси бидејќи е модел опремен со спортско прилагодување на суспензијата и „Active M“ диференцијал. Има и ковани алуминиумски 19 (предни) и 20-инчни (задни) тркала, на кои се поставени специјални гуми за голема брзина, како и силни сопирачки достапни со опционални карбон-керамички дискови.

Благодарение на сите овие подобрувања, „M3 Touring“ успеа да ја заобиколи патеката на Нирбургринг за 7:35.06, што е нов рекорд за караванско возило.

Подвигот е уште поимпресивен кога се знае дека „M3 Touring“ е побрз и од „BMW M5 Competition“ и од втората генерација суперспортската „Honda NSX“.

Книгата за нарачки за „BMW M3 Touring“ ќе се отвори во септември, а испораките до клиентите во Германија и Велика Британија ќе започнат во декември, а подоцна и на други пазари во Европа.

Цената во Германија започнува од 97.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП