10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat инвестира во Торино

Fiat инвестира во Торино

Italy Fiat industrial

Италијанската групација „Fiat“ ќе инвестира речиси милијарда евра во Торино во фабриката „Mirafiori“, каде се произведува моделот „Maserati 4 х 4“, соопштија од компанијата.

Синдикатите кои се во конфликт со раководството на „Fiat“, го прифатија колективниот договор за работа „признавајќи дека тоа е неопходен предуслов за континуираното учество на „Fiat“ во Италија“, се вели во соопштението.

Шефот на „Fiat“ Серџо Маркионе изјави дека компанијата „веднаш ќе започне со планот за инвестиции, потребни за продуктивното вработување и иднината на фабриката „Mirafiori“.

Од компанијата изјавија дека со оваа инвестиција ќе се продолжи производството на „Maserati 4 х 4“ во „Mirafiori“, а подготовките ќе започнат за неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП