25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе разгледува можноста за меѓународна резервна валута на БРИКС

Се разгледува можноста за меѓународна резервна валута на БРИКС

Во тек е размислување за создавање меѓународна резервна валута за земјите-членки на БРИКС, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тоа го кажа во поздравното обраќање до учесниците на бизнис форумот на економското здружение БРИКС, кое го сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

„Се разгледува прашањето за создавање меѓународна резервна валута врз основа на кошницата на валути на нашите земји“, изјави шефот на Руската Федерација, пренесува Тас с.

Путин изјави и дека рускиот систем за размена на финансиски пораки, како алтернатива на SWIFT, е отворен за поврзување на банките од земјите членки на БРИКС.

„Заедно со нашите партнери од БРИКС, работиме на сигурни алтернативни механизми за меѓународни плаќања. Рускиот систем за финансиски пораки е отворен за поврзување на банките од нашите пет земји“, рече тој.

Путин додаде дека руските деловни кругови, во координација со деловните заедници од земјите на БРИКС, преземаат итни чекори за развој на транспортната инфраструктура, прилагодување на логистичките рути и создавање нови производни синџири.

„Би сакал да нагласам дека стратегијата на Русија не се менува – зајакнување на нашиот економски, технолошки и научен потенцијал, подготвени сме за отворена соработка со сите фер партнери врз принципите на почитување на интересите на едни со други, безусловна надмоќ на меѓународното право и еднаквост на земји и народи“, рече Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП