27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 најдобри менаџерски одлуки на сите времиња

10 најдобри менаџерски одлуки на сите времиња

biz

Американската асоцијација за менџмент по повод 75 години од своето постоење, со помош на координаторот на проектот, Стјуард Креинер и експертите кои беа замолени да номинираат свои предлози, направи избор од 75 најдобри менаџерски одлуки на сите времиња.

 

Одлука 1.

Околу 59 година пред нашата ера, императорот Јулие Цезар, се обиде да ги запознае граѓаните на Рим за своите постапки и планови со рачно напишани известувања кои биле разделени низ градот, а се верува и дека ставал големи плакати на сите прометни места.Големината на водачите во тоа време била оценувана врз основа на нивната способност да комуницираат.

 

Одлука 2.

Во духот на прогресивните менаџери, римскиот император Хадријан управувал со големото римско царство така што често патувал и на тој начин ги контролирал своите покраини.Тоа е првиот пример кој денес е многу актуелен термин во менаџментот- ,,managing by walking around”, во кој фокусот е ставен да се комуницира со вработените.Така, во текот на едно од неговите патувања забележал дека во една рударска населба недостасувале јавни купатила, при што веднаш издал наредба да се изградат нови.

 

Одлука 3.

Во почетокот на шеесетите години од минатиот век, компанијата ,,Philip Morris” ја класифицираше ,,Marlboro” како ,,машка” цигара.Оваа одлука и карактеристичниот ,,Marlboro”-каубој како симбол на мажественост,сила и авантура, придонесоа да се создаде еден од најуспешните брендови во светот.

 

Одлука 4.

Игнорирајки го истражувањето на пазарот, Тед Тарнер во 1980 година ја отвори ,,CNN-Cable News Network”. Во тоа време никој освен Тед Тарнер не можеше да претпостави дека може да успее канал кој 24 часа ќе емитува само вести, но ,,CNN” постигна огромен успех кој трае до ден денес.

 

Одлука 5.

,,Marks and Spencer”, основачите на голема трговска компанија сватиле дека имаат подобар увид во желбите и потребите на купувачите од останатите производители на роба, па поради тоа почнале да произведуваат роба според барањата на купувачите кои сами им ги доставиле.

 

Одлука 6.

,,Apple” во осумдесетите години успешно се вклучи во трката чија цел беше да произведе персонален компјутер за широка потрошувачка, имајки добро чувство дека се работи за многу профитабилен бизнис во иднина.Така прво е создаден ,,Apple I”, потоа ,,Apple II”, потоа ,,Visi-Calc”, и конечно ,,Macintosh”(Mac), извонреден и високо ценет меѓу компјутерските професионалци, чиј прв примерок беше испорачан во 1984 година.

 

Одлука 7.

Во 1987 година, Перси Барневик го изненади бизнис светот со одлуката за обединување на две големи светски компании:шведската ,,ASEA” и швајцарската ,,Brown Boveri”, што во тоа време била најголемо меѓународно обединување на две компании. Со овој потег го создаде ,,Asea Brown Boveri”, гигант со промет од 30 милијарди долари годишно, компанија која денес по својата организација служи како модел за другите фирми.

 

Одлука 8.

Кога во 1981 година Јан Карлзон ја презеде функцијата претседател на авио-компанијата ,,SAS”(Scandinavian Airlines), прво што направи е 10.000 вработени кои комуницираа со корисниците ги прати на дводневен семинар за унапредување на услугите, а менаџерите на компаниите на тринеделни курсеви за менаџери.Вo период од четири месеци ,,SAS” стана европска авио-компанија со најмалку каснење и исклучително високо ниво на услуга.

 

Одлука 9.

,,Walt Disney” ја послуша неговата сопруга Лилиан, и по нејзините совети главниот јунак на својот цртан филм го нарече Мики, а не Мортимер, као што првично планирал.Во светот на анимираниот филм и забава веќе не беше ништо исто откако Мики и Мини Маус дебитираа во 1928 година во цртаниот филм ,,Steamboat Vili”.

 

Одлука 10.

Претседателот на ,,Sony”, Акито Морита, приметил дека младите кај и да одат сакаат да слушаат музика.Тоа го поттикнало во 1980 година неговата компанија да направи ,,Walkman” , голем хит кој на компанијата и донесе голем бизнис и уште поголем имиџ.За  ,,Walkman” немаше истражување на пазарот, што на тоа прокоментира Акито Морита: ,,Луѓето не знаат што се може да се направи.Ние знаеме”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП