Откријте кои намирници најчесто предизвикуваат и поттикнуваат неконтролирано прејадување, а кои најретко…
Истражувањето на американскиот Универзитет во Mичиген, кое вклучи 500 студенти, кои мораа да рангираат 35 видови различни намирници, открива дека преработената храна може да предизвика најголема зависност.
Заклучено е дека намирниците како пица, чоколадо, сладолед, хамбургер и помфрит поттикнуваат неконтролирано прејадување.
Ваквите видови намирници делуваат како стимуланс, а за се се винoвни шеќерот и мастите кои предизвикуват зависно однесување.
Намирниците кои не предизвикуваат зависност се овошјето и зеленчукот кои за разлика од брзата храна не го зголемуваат нивото на шеќер во крвта.
Намирниците кои најчесто предизвикуваат зависност се пица, чоколадо, чипс, кекси и сладолед, а најретко, краставица, морков, грашок, јаболки и кафеав ориз.