26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-AMG“ го слави својот 55-ти роденден (ВИДЕО)

„Mercedes-AMG“ го слави својот 55-ти роденден (ВИДЕО)

Инженерите Ханс Вернер Ауфрехт и Ерхард Мелхер ја основаа компанијата во 1967-ма година, која засекогаш се најде во „куќата на славните“ во областа на изведбените автомобили и спортските марки.

Оваа компанија денес ја знаеме како „Mercedes-AMG“, а таа само слави 55 години постоење. Во тоа име започнаа нова промотивна кампања во Афалтербах.

Таа се врти околу максимата „55 години – промена на играта“. Тркалото го предводат легендарните возила на „Mercedes-AMG“ како што се тркачкиот „300 SEL 6.9 AMG“, „300 E 5.6 – The Hammer“, „CLK DTM“ и „SLS AMG Electric Drive“.

Се разбира, неодамна претставената сериска верзија на „Mercedes-AMG One“, која ја користи технологијата на Формула 1 за сериски хиперавтомобил, е една од главните ѕвезди на кампањата. Технологијата за хибриден погон за прв пат е префрлена директно од тркачката патека на патот. Така барем тврди „Mercedes-AMG“.

Во меѓувреме, дизајнерското студио „Vision AMG“ дава мал увид во иднината на овој бренд. Купето со четири врати ја користи новата независна платформа „AMG.EA“, која моментално се развива за модели со чисто електрични перформанси со револуционерна технологија за електричен погон.

Секако, сето ова не би било исто без амбасадорот на брендот. Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон води голем број ѕвезди како Дејвид Култхард, Сузи Волф и Will.I.Am. Нема потреба да се запознавате со Култард и Волф, а Will.I.Am е најновата славна личност која ги промовираше електричните автомобили на „Mercedes-AMG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП