18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГутереш: Да го елиминираме нуклеарното оружје пред тоа да не’ елиминира нас

Гутереш: Да го елиминираме нуклеарното оружје пред тоа да не’ елиминира нас

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на нуклеарно разоружување на почетокот на тридневната конференција во Виена.

На таа конференција учествуваат околу 80 земји кои го потпишаа меѓународниот договор за забрана на нуклеарното оружје.

„Ајде да го елиминираме тоа оружје пред тоа да не елиминира нас“, рече Гутереш на конференцијата преку видео врска.

„Сегашниот глобален нуклеарен арсенал, кој брои околу 13.000 нуклеарни боеви глави, е рецепт за можно уништување на планетата, со оглед на светот на конфликти и недоверба“, изјави највисокиот претставник на ОН.

Претседателот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Петер Маурер, го опиша Договорот за забрана на нуклеарно оружје (TPNW) како пресвртница.

Договорот, кој стапи на сила во 2021 година, ги обврзува земјите да не се занимаваат со никакви активности поврзани со нуклеарно оружје и повикува да се земат предвид хуманитарните последици.

Австрискиот министер за надворешни работи, Александар Шаленберг ја нагласи итноста за целосно нуклеарно разоружување.

Австрија, инаку, беше еден од иницијаторите на договорот.

TPNW досега е потпишан од 86 земји и ратификуван од 65. Неговата цел е да го прошири Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ), кој стапи на сила во 1970 година.

Има девет земји кои имаат нуклеарно оружје. Овие земји, заедно со НАТО, не се потписнички на TPNW. Тоа се Кина, Франција, Индија, Израел, Северна Кореја, Пакистан, Русија, САД и Обединетото Кралство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП