5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТГерманските хаубици пристигнаа во Украина, можат да погодат цел на 40 километри

Германските хаубици пристигнаа во Украина, можат да погодат цел на 40 километри

Во Украина пристигна првата испорака на тешко оружје во форма на самоодни хаубици што Берлин ја испрати во таа земја.

-“Панцерхаубице 2000” конечно стана дел од арсеналот хаубици на украинската артилерија, објави на Твитер украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников и се заблагодари на својата германска колешка Кристина Ламбрехт.

“Панцерхаубице 2000” се меѓу најмоќните артилериски оружја ско кои располага Бундесверот и можат да погодат цел на оддалеченост до 40 километри, пренесува Гардијан.

Германија претходно вети дека ќе испрати седум хаубици во Украина.

Москва постојано изјавува дека воените испораки за Киев само го продолжуваат конфликтот и дека секоја пратка на оружје ќе стане легитимна цел за руските авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП