28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДвојно зголемен трговскиот дефицит на Канада

Двојно зголемен трговскиот дефицит на Канада

kanada1

Трговскиот дефицит на Канада во јули оваа година е двојно зголемен од 460 милиони канадски долари кои беа забележани во јуни на 931 милион канадски долари, соопшти Заводот за статистика на Канада.

Увозот на Канада се зголемил во јули за 0,6 проценти, со истовремено намалување на извозот за 0,6 проценти, пренесува агенцијата АФП.

Увозот во јули достигна вредност од 40,1 милијарди долари, а количината на увозот е зголемена за еден процент, со истовремено намалување на цената на стоката од странство за 0,4 проценти.

Најголемото зголемување на увозот е поради зголемените количини на руда, основни хемиски производи, пластични производи и производи од гума. Извозот во јули е намален за 39,2 милијарди канадски долари.

Увозот на стока од САД е зголемен за 2,7 проценти, достигнувајќи вредност од 26,3 милијарди долари, додека извозот во САД е намален за 0,8 проценти на 29,4 милијарди долари. Извозот во ЕУ е намален за 15,9 проценти.

Увозот на стока од останатите земји, со исклучок на САД, е намален за 3,1 проценти и изнесува 13,9 милијарди евра.

Трговскиот дефицит на Канада во јули остана релативно непроменет во однос на јуни, достигнувајќи вредност од 4,1 милијарди канадски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП