21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија на странците им го наплаќа горивото 60 отсто поскапо

Унгарија на странците им го наплаќа горивото 60 отсто поскапо

Во моментов Унгарија има најниски цени на горивата во Европа и очигледно сака да го задржи тој благодет само за своите возачи, со тоа што на странските возачи им наплатува гориво и до 60 отсто поскапо.

Европската унија го нарече овој потег дискриминација и побара да се запре системот за двојно плаќање.

Цената на литар бензин од ноември 2021 година е ограничена на 480 форинти, што е 1,21 евро. Возачите во Австрија и Словачка во моментов плаќаат околу 2 евра за гориво. Затоа многу граѓани на земјите од пограничните области побрзаа во Унгарија да ги наполнат резервоарите на автомобилот.

Сега со дополнителни 60 отсто, горивото за нив чини 1,93 евра и веќе не вреди да се вози до бензинските пумпи во Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП