30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Volvo“ во Кина зголемена за 66 %

Продажбата на „Volvo“ во Кина зголемена за 66 %

volvo1

Шведскиот производител на автомобили во кинеска сопственост „Volvo“ денес објави дека во август продал за пет проценти повеќе автомобили во однос на истиот месец минатата година, благодарение на силниот раст во Кина.

Шведската компанија во минатиот месец продала вкупно 28,998 автомобили. Во Кина продажбата се зголемила за дури 66 проценти, на 4,319 автомобили, а во Европа се зголемила за пет проценти, на 10,770 автомобили, додека во САД се намалила за 12 проценти на 5,519 автомобили.

Во периодот од јануари до јули продажбата бележеше негативната стапка на раст, од три проценти. Во 2012 намалената кинеска и европска побарувачка го зема својот данок од автомобилската индустрија, силно намалувајќи ја оперативната добивка на „Volvo“.

„Volvo“ е во стопроцентна сопственост на кинеската групација „Zhejiang Geely Holding Group Co“ од 2010 година, а во исто време тој е главен конкурент на луксузните марки „BMW“, „Jaguar“ и „Audi“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП