19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако до ефективни и ефикасни бизнис процеси?

Како до ефективни и ефикасни бизнис процеси?

efektivniefikasni1

Ако размислувате како да ги подобрите вашите бизнис перформанси, можеби она што е потребно е редизајнирање на бизнис процесите. Бизнис процесите претставуваат серија на активности кои ги користат ресурсите на компанијата за да произведат конкретен производ или услуга. Честа грешка на менаџментот е што се фокусира на резултатите наместо на постапката како да се стигне до тие резултати.

Како можете да го подобрите перформансот на бизнисот со реинженеринг на бизнис процесите:

Анализа на моменталните бизнис процеси – со опис на вашите конкретни бизнис процеси, ќе утврдите каде е потребно подобрување.

Направете бизнисот да функционира преку процесите – фокусот треба да е поставен на севкупниот процес наместо на индивидуалната улога на секој вработен кој учествува во него.

Проучувајте различни типови на процеси – кога сакате да ги редизајнирате бизнис процесите на компанијата, важно е да ги гледате предностите и слабостите на вариетет од пристапи кои се поврзани со бизнисот. Имајќи го ова во предвид, се издвојуваат 5 типови на процеси: проект, нови работи места, сериско процесирање, масовно производство и континуиран тек.

Изберете го најдобриот процес за вашиот бизнис – дали вашиот бизнис е заснован на рачно изработени производи? Дали ќе страда ако се префрлите на автоматизиран процес на изработка? Човечките ресурси се уште едно прашање. Вашиот избор нека одговара на бизнисот, а не само да изгледа убаво на хартија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП