10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква и испрати ултиматум на Литванија: Русија ќе одговори за да ги...

Москва и испрати ултиматум на Литванија: Русија ќе одговори за да ги заштити своите интереси!

Русија денеска побара од Литванија веднаш да ја укине забраната за транзит на одредени стоки до руската енклава Калининград.

Руското Министерство за надворешни работи му порача на литванскиот претставник во Москва дека Русија ќе одговори за да ги заштити своите интереси доколку не се воспостави транзит на стока меѓу Калининградската област и остатокот од Руската Федерација преку Литванија.

Литванија го забрани транзитот на стоки санкционирани од ЕУ преку нејзина територија, која ја вклучува единствената железничка рута меѓу копното Русија и енклавата Калининград на Балтичкото Море.

Забранетите стоки вклучуваат јаглен, метали, градежни материјали и напредна технологија.

Руското Министерство денеска ја покани и вршителот на должноста на Литванија, Вирџинија Умбрасена.

„Доколку во блиска иднина транзитот на товар меѓу Калининградската област и остатокот од територијата на Руската Федерација преку Литванија не биде целосно обновен, тогаш Русија го задржува правото да преземе мерки за заштита на своите национални интереси“, соопшти Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП