23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку се преполни и скапи домовите во ЕУ?

Колку се преполни и скапи домовите во ЕУ?

Во Европската унија, во 2020-та година, 17,5 отсто од населението живеело во пренаселени домаќинства, што значи дека немале доволно простор за сите членови на домаќинството во согласност со нивната семејна состојба и возраст, покажуваат податоците на Заводот за статистика на ЕУ (Евростат).

„Недостигот од простор во пренаселените домаќинства беше засилен со тоа што децата си играа во истите простории каде родителите се обидуваа да работат“ од далечина „за време на карантинот поради пандемијата на корона вирусот. Преполните средини исто така претставуваат потенцијално поголем ризик за ширење на инфекцијата“, се вели во извештајот на Евростат.

Меѓу земјите-членки на ЕУ, речиси половина од населението на Романија (45,1 отсто) живееше во пренаселени домаќинства во 2020-та година. Ова беше случај и со околу две од пет лица во Латвија (42,5 отсто), Бугарија (39,5 отсто), Полска (36,9 отсто) и Хрватска (36,2 отсто).

Од друга страна, најниска стапка на пренаселеност е забележана во Кипар (2,5 отсто), Ирска (3,2 отсто), Малта (4,2 отсто) и Холандија (4,8 отсто).

Преоптоварени со трошоци за домување

Кога станува збор за стапката на преоптоварување на трошоците за домување, во 2020-та година таа беше највисока во Грција, Бугарија и Данска.

„За многу домаќинства, најголемите трошоци секој месец се поврзани со трошоците за домување. Достапноста на становите може да се анализира преку стапката на преоптоварување на домувањето. Оваа стапка го покажува уделот на населението кое живее во домаќинства кои трошат 40 или повеќе отсто од расположливиот приход за домување“, објаснуваат од Евростат.

Стапката на преоптоварување беше 7,8 проценти во ЕУ во 2020-та година, со големи јазови меѓу земјите-членки.

Стапки под пет проценти се забележани во 13 земји-членки, со најниско учество во Кипар (1,9 проценти), потоа Литванија (2,7 проценти), Малта (2,8 проценти) и Словачка (3,2 проценти).

На другиот крај од скалата, стапки над 10 отсто се регистрирани во Данска (14,1 отсто) и Бугарија (14,4 отсто), а највисока стапка е забележана во Грција (33,3 отсто).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП