10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски тврди: Русија ќе ги интензивира нападите врз Украина, но и другите...

Зеленски тврди: Русија ќе ги интензивира нападите врз Украина, но и другите европски земји

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека очекува Русија да ги интензивира нападите врз неговата земја, додека Киев ја чека одлуката на Европската унија за доделување на Украина статус на земја-кандидат оваа недела.

-Очигледно е дека треба да се очекува Русија да ги интензивира непријателските активности оваа недела, рече Зеленски во своето видео обраќање.

-И не само против Украина, туку и против другите европски земји. Ние се подготвуваме. Подготвени сме, рече украинскиот претседател.

Во четврток и петок ќе се одржи редовен состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ, на кој, меѓу другото, ќе се разговара и за мислењата објавени од Комисијата минатата недела за барањата на три земји – Украина, Молдавија и Грузија за членство во Европската унија.

Ако Украина и Молдавија добијат кандидатски статус, тоа ќе биде голем скок, бидејќи пред почетокот на конфликтот со Русија, тие земји се бореа да добијат каква било нејасна формулација во заедничките декларации, што барем навестуваше за европската перспектива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП