28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДетето кое направи мултимилионски бизнис

Детето кое направи мултимилионски бизнис

bledso1

Нема многу претприемачи кои можат да се пофалат со потези кои им донеле мултимилионски бизнис за само неколку години.

Уште помал е бројот на оние кои во тоа успеале пред завршувањето на средното училиште.

Петнаесетгодишниот Џејлин Бледсо е еден од нив, а неговата компанија „Bledsoe“, која се занимава со веб дизајн, ја основал кога имал само 13 години.

Со напорна работа успеал да ја подигне вредноста на компанијата на повеќе од три милиони долари, а денес, тој има 150 вработени лица.

bledso2

Сепак, неговата работа не му попречува во школувањето. Тој е претседател на Студентскиот Сојуз и програмата Свети Луис која го промовира волонтирањето меѓу тинејџерите, но во исто време тој е и еден од студентите кои се изборил за воведување на вегетаријанската храна во училиштето.

„Јас не гледам многу деца кои се негови врсници и кои успеале да го направат тоа што тој го направи, но сето ова е резултат на неговиот труд. Јас сум екстремно горд на него“, изјавил неговиот татко Кертис Бледсо.

„Кога сте малолетник, тоа што ќе го направите лошо не може да ве обесхрабри на подолго време. Секогаш можете да се поправите и да продолжите понатаму“, изјави Џејлин, кој има намера да студира на Харвард и да стане адвокат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП