29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтартуваше премиерата на ракометниот камп „40х20“, организацијата на многу високо ниво

Стартуваше премиерата на ракометниот камп „40х20“, организацијата на многу високо ниво

Вчера на прекрасниот брег на Охридското езеро стартуваше премиерното издание на ракометниот камп „40х20“ со учесници од Македонија, Шведска и Босна и Хереговина. Кампот е предвидено да трае до 24 Јуни, а на истиот ќе работат најдобрите македонски тренери со Мастер коуч лиценци, тренери на екипи од суперлигата и тренери кои се во изминатиот период се специјализирале за работа со млади категории.

По пристигнувањето во комплексот на Хотел „Аквалина“ во Охрид, камперите заедно со тренерите и логистиката на настанот ги поминаат стандардните процедури на делење на опрема, распоредување по соби и состанок за презенатција на програмата на кампот, но и правилата на однесување на истиот.

-„Како организатори презадоволни сме од она што го направивме пред стартот на ракометниот камп „40х20“, но и од стартот на истиот. Најважно за нас, вчера во попладневните часови безбедно допатуваа сите наши кампери со организиран превоз од неколку градови низ Македонија, но и од Босна и Херцеговина и Шведска. Програмата направена според возраст и ракометно искуство е претходно подготвена и од синоќа се спроведува во најдобар ред. Самиот настан, како што и најавивме, со индивидуални тренинзи го стартуваа нашите еминентни тренери, Никола Матлиески и Кристијан Грчески кои работеа со највозрасната група кампери, додека Благојче Весиќ и Дејан Коцарески веднаш потоа го одржаа првиот тренинг со генерација 2008/09. Тренерите од проектот „Ракомет за секое дете“, Златко Стојковски, Јаковче Матлиески, Ивана Ракиќ и Никола Василев ги одржаа премиерните тренинзи со најмалите групи на кампот. Предвидено е од утре да стартуваат предавањата за здрав начин на живот и здрава исхрана, спортска психологија, гостувања на поранешните репрезентативци и тренери, Александар Јовиќ и Раде Стојановиќ, неколку актуелни репрезенативци, предвидено е да имаме ден на кајкот каде во текот на целиот ден нашите кампери ќе се запознаваат со тајните ка кајкарството, ќе уживаат во убавините на езерото. Вообичаена пракса за нашите кампери е по напорниот тренинг, да се оди на групно освежување во прекрасниот базен на плажата пред хотелот, под надзор на нашите тренери“. – Горан Ѓоргоноски, менаџер на „КМГ Спрорт“, организаторот на ракометниот камп „40х20“.

Иако е прво издание на кампот, имајќи го предвид искуството на агенцијата „КМГ Спорт“ во организација на ваков тип на настани, кампот е поставен на едно многу високо ниво и во иднина се очекува покрај децата на Македонија, како кампери да се појават и многу други кампери од опкружувањето, западна Европа и Скандинавија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП