27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионална бизнис-средба

Регионална бизнис-средба

saracini56

„Каде можеме да најдеме синергија во регионот и како заедно да настапиме на трети пазари“ е темата на првата регионална бизнис средба, што ќе се одржи денеска во Скопје.

На средбата е најавено обраќање на министерот за економија Ваљон Сарачини, а се одржува во организација на „Бизнис плус“, бизнис-портал на регионалните медиумски партнери од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и Србија.

На средбата е најавено учество на претставници на компании од регионот, државните институции, амбасади на странски држави во Македонија, стопанските комори од Македонија и регионот, како и сопственици, уредници и новинари на регионални медиумски партнери од Југоисточна Европа.

Ќе биде претставено и регионално бизнис- здружение што ќе ги поврзе компаниите и луѓето со добри идеи и желба за унапредување на бизнисот и подобрување на бизнис средината во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП