29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПрвиот човек на британската армија: Мора да се подготвиме за борба против...

Првиот човек на британската армија: Мора да се подготвиме за борба против Русите во Европа

Генералот Патрик Сандерс, првиот човек на британската армија, им рекол на своите војници да се подготват за борба во Европа.

„Сега имаме императив да создадеме армија која е подготвена да се бори рамо до рамо со нашите сојузници и да ја победи Русија во борбата“, рече генералот Сандерс.

Сандерс, кој ја презеде командата со британската војска оваа недела, додаде дека „руската инвазија на Украина ја поткопува глобалната стабилност“.

Во пораката до британските трупи, тој напиша: „Јас сум првиот началник на Генералштабот од 1941 година што ја презема командата на армијата во сенка на копнена војна во Европа во која е вклучена континентална сила… Континуираната закана од Русија покажува дека ние влегуваме во нова ера на несигурност. „Моја единствена должност е да ја направам нашата армија колку што е можно повеќе смртоносна и ефикасна. Сега е време и наша можност тоа да го искористиме“, рече тој.

Оваа порака доаѓа во време кога Путин им се заканува на земјите на НАТО и откако оваа недела ги исмеа поранешните советски држави во Европа велејќи: „Тие се дел од историската Русија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП