29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПерез пак го коментираше Мбапе: Кутриот човек, бргу ќе зажали

Перез пак го коментираше Мбапе: Кутриот човек, бргу ќе зажали

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез очигледно уште не ја надминал „корпата“ од Килијан Мбапе и одлуката на Французинот уште три години да остане со Пари Сен-Жермен.

Ова преизвика бес и критики во Шпанија на сметка на 23-годишниот напаѓач, но и до жалба и најава за тужба од страна на шпанската Ла лига за скапиот договор. Самиот Перез пред неколку дена изјави дека „тоа не е Килијан“ кој тој го посакувал во тимот, а сега при потпишување на автограм за еден навивач, беше уште подиректен.

„Кутриот човек, многу бргу ќе зажали“, одговори Перез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП