26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна инфлација - 8,8 отсто во ЕУ во мај, а 8,1 отсто...

Рекордна инфлација – 8,8 отсто во ЕУ во мај, а 8,1 отсто во еврозоната

Инфлацијата во Европската унија и во еврозоната го достигна највисокото ниво во мај откако Евростат почна да ги објавува тие податоци во 2001 година, покажа новиот извештај.

На ниво на Европската унија, инфлацијата во мај изнесува 8,8 отсто, што е за 0,7 отсто повеќе во однос на април, додека во еврозоната е зголемена од 7,4 на 8,1 отсто, што е највисока од 1996 година, се наведува во извештајот.

Се посочува дека најголемо учество во мајската инфлација имаа цените на енергенсите со 3,87 отсто, потоа храната со учество од 1,59 отсто и цените на услугите со 1,46 отсто.

Цените на енергенсите во еврозоната во мај се повисоки за 39,1 отсто во однос на истиот месец лани, додека цените на храната се зголемени за девет отсто.

Во мај, најголем скок на цените е забележан во балтичките земји – 20,1 отсто во Естонија, 18,5 отсто во Литванија и 16,8 отсто во Латвија.

Двоцифрена инфлација е регистрирана во Хрватска, Бугарија, Чешка, Грција, Унгарија, Холандија, Полска, Романија и Словачка.

Франција и Малта имаат најниска стапка на инфлација од 5,8 отсто во мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП