20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Австралија останува на најниско ниво во последните 48 години

Невработеноста во Австралија останува на најниско ниво во последните 48 години

Невработеноста во Австралија речиси не се промени во мај, останувајќи на најниско ниво во последните 48 години, што ја потврдува потребата централната банка на земјата да продолжи да ги зголемува каматните стапки, пишува „Bloomberg“.

Вработеноста се зголеми за 60.000 луѓе на месечна основа, поттикната од вработените со полно работно време, објави Австралиското биро за статистика. Невработеноста остана на 3,9%, а учеството на работната сила достигна рекордни 66,7%.

Најпрометниот пазар на труд во речиси 50 години ја нагласува потребата австралиската централна банка да продолжи да ги отстранува монетарните стимулации во обид да ја спречи инфлацијата.

„Податоците потврдуваат дека еластичноста на пазарот се одржува“, рече Шон Ланки, шеф на макроекономските прогнози за „BIS Oxford Economics“.

„Очекуваме централната банка да ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени во јули, по што ќе има уште такви потези“, додаде експертот.

Минатата недела регулаторот го усвои најголемото зголемување на каматната стапка во последните 22 години, со што основната каматна стапка достигна 0,85%. Економистите предвидуваат уште еден таков потег следниот месец, а веќе се водат дискусии за сличен раст откако американската централна банка ја зголеми цената на кредитите за 75 базични поени во средата.

Податоците за „Swap“ сугерираат дека пазарите во моментов очекуваат каматните стапки во Австралија да достигнат 3,7% до декември и 4,1% до средината на 2023-та година. Сепак, некои економисти веруваат дека ова се премногу агресивни прогнози и дека банката ќе преземе повнимателни потези, со оглед на големиот долг притисок врз домаќинствата. Во вторникот гувернерот Филип Лоу рече дека е разумно да се очекува каматната стапка да достигне 2,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП