30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Bugatti“ го откри првиот „Centodieci“, изгледа фантастично (ФОТО/ВИДЕО)

„Bugatti“ го откри првиот „Centodieci“, изгледа фантастично (ФОТО/ВИДЕО)

Конечно беше претставена првата произведена копија на моделот „Centodieci“, со која се оддава почит на легендарниот модел од 90-тите.

Токму „EB110“ го паметиме низ истата нијанса на сино, но и многу детали кои сега повторно ги носи „Centodieci“.

Колку оваа автомобилска легенда е важна за „Bugatti“ доволно говори и фактот што самата нијанса се нарекува „EB110 Blue“.

Не само што „EB110“ беше првиот модел во таа боја, туку и фабриката беше обоена во истата нијанса, па го доби прекарот „Fabricca Blu“.

Првиот „Centodieci“ има уште една посебна карактеристика, а тоа се тркалата обоени во друга историска нијанса, „EB110 – Sport Silver“. Имено, истата комбинација на бои ја носи и „EB110 GT“, примерок од ергелата на купувачи на овој примерок.

Интересно е што внатрешноста на автомобилот на многу начини ја следи спортската икона од 90-тите.

Модернизираниот ентериер се дизајнираше со недели, дури и месеци, а само „кроењето“ и производството траеше дури 16 недели.

За потсетување, „Centodieci“ е базиран на „Chiron“ и го има истиот мотор 8.0-литарски V16, но со 1.600 „коњски сили“.

До 100 стигнува за неверојатни 2,4 секунди, а максималната е ограничена на 380 km/h. Вкупно ќе бидат произведени само десет примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП