Според анкетата “Која е најпосакуваната македонска компанија за вработување?”, која од неодамна ја направи порталот vrabotuvanje.com.mk, одговориле 1.468 испитаници. Најголемиот дел од нив, дури 41% се изјасниле дека би работеле за Алкалоид АД Скопје.
„Алкалоид ќе биде мојот избор, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски исплатлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а особено за здравјето на децата сама по себе е „благородна“ работа. „Верувам дека во оваа компанија можам многу да научам и да придонесам за иднината.“ „Бидејќи е една од најдобрите и најодговорните компании во Македонија и Европа. Остава простор за развој на младите луѓе и поголем интерес за целта во нивните животи“, се вели во еден од коментарите на испитаниците.

