Капините се тука, веќе можеме да ги најдеме и на пазарите. Така темни и сочни, просто не мамат! А кога би знаеле што се таа една ваква бобинка содржи во себе, би ја консумирале буквално секој ден.
Капините изобилуваат со железо, магнезиум, калциум, калиум и цинк. Богати се со витамините A, Ц, Е и Б, како и аминокиселини… затоа, започнете го или завршете го денот со ова вкусно смути. Ќе се чувствувате фантастично!

