Сите деца родени во Херсонската Област по 24 февруари, кога Русија ja започна т.н. специјална воена операција во Украина, автоматски ќе добијат руско државјанство, изјави денеска заменик-шефот на воено-цивилната управа на Херсонската Област, Кирил Стремусов.
Тој изјави дека сирачињата кои живеат во регионот Херсон автоматски ќе добијат руско државјанство, пренесе ТАСС.

