18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТИсторичар од Универзитетот Јеил: „Планот на Путин е толку страшен што тешко...

Историчар од Универзитетот Јеил: „Планот на Путин е толку страшен што тешко можеме да го разбереме”

Рускиот претседател планира да доведе до изгладнување на некои земји во светот за да победи во војната која ја започна во Украина, тврди историчар од Универзитетот Јеил.

Во серија објави на Твитер, Тимоти Снајдер вели дека верува дека Владимир Путин ја користи нестабилноста на синџирот на снабдување со храна во своја полза, нарекувајќи ја таквата стратегија „последно поглавје во политиката на глад“.

„Русија има план да создаде глад. Владимир Путин се подготвува да изгладне голем дел од земјите во развој, како дел од следната фаза од неговата војна во Европа“, напиша Снајдер.

Според Index.hr, областа околу Црното Море, која ги вклучува Русија и Украина, често се нарекува „житница на Европа“ поради плодното земјиште и високите стапки на производство на жито. Севкупно, дури 30 отсто од светскиот извоз на жито доаѓа од тие две земји. Само Украина произведува околу 12 отсто.

Ситуацијата околу блокадата на извозот на украинското жито е нерешена со месеци. Путин тврди дека Русија ќе го овозможи тој извоз по морски пат, што освен Украина, го побараа и многу светски лидери, но пристаништата се уште се блокирани и украинското жито не може да излезе од нив.

Снајдер се осврнува на тој факт и вели дека, доколку блокадата продолжи, „десетици милиони тони храна ќе скапуваат во силоси, а десетици милиони луѓе во Африка и Азија ќе гладуваат“.

„Планот на Путин за глад е толку страшен што е многу тешко да се разбере. Исто така, имаме тенденција да заборавиме колку храната е во центарот на политичкиот интерес“, рече Снајдер, кој исто така тврди дека идејата дека контролирањето на украинското жито може да го промени светот е не е ново. Сталин и Хитлер сакаа да го направат истото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП