29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕOвие плодови се чувари на вашето срце

Oвие плодови се чувари на вашето срце

Намалете го ризикот од срцеви заболувања со консумирање на јаткасти плодови…

Со цел да ги избегнете овие проблеми кои можат да ве чинат живот, би требало редовно да консумирате јаткасти плодови.

Истражувањето спроведено на Универзитетот Харвард покажа дека консумирањето на јаткасти плодови може да ви помогне да ја избегнете смртта од срцевите болести.

Кај лицата кои консумирале најмногу јаткасти плодови (30 гр дневно) ризикот бил за 39 проценти понизок во споредба со оние кои внесувале најмалку.

Здравите масти кои се содржани во овие плодови го намалуваат лошиот холестерол во крвта, додека другите супстанци им помагаат на крвните садови да се рашират, што ја олеснува циркулацијата.

Значи, јадете 30 гр дневно јаткасти плодови, што значи 49 зрна фстаци, 28 зрна кикирики, 22 бадеми, 18 индиски ореви или 14 ореви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП