19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го обвини Газпром дека се обидува дополнително да ги зголеми цените...

Германија го обвини Газпром дека се обидува дополнително да ги зголеми цените со намалување на испораката на гас

Германија денеска ја обвини руската компанија Газпром дека се обидува со намалување на испораката на гас дополнително да ги зголеми цените на тој енергенс во Европа.

„Газпром“ во вторникот објави дека ќе ја намали дневната испорака на гас преку гасоводот „Северен тек 1“ од 170 на 100 милиони кубни метри, по што денеска беше објавено ново соопштение во кое се наведува дека дневните испораки ќе се намалат на 67 милиони кубни метри.

„Газпром“ негираше дека се работи за политичка одлука и рече дека е принуден да ги намали планираните испораки на гас преку Северен тек бидејќи Сименс не им ги вратил пумпите по ремонтот.

Се посочува дека Сименс ги известил дека една од гасните турбини за Северен тек по поправката не може да се врати од Монтреал поради санкциите што Канада ги воведе кон Русија.

Хабек рече дека ќе почека да види колку оваа одлука на Газпром ќе влијае на германскиот и европскиот пазар на гас, но смета дека секогаш е можно да се набавува гас од други извори.

„Немаме проблем со снабдувањето во Германија и ќе продолжиме да ги полниме складиштата, но ќе треба да почекаме неколку дена за да видиме како оваа одлука ќе се одрази на пазарот“, рече Хабек.

Во меѓувреме, италијанската енергетска компанија ЕНИ објави дека Газпром ја намалил дневната испорака на гас за 15%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП