25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа централна банка може да стане единствената со негативна каматна стапка

Оваа централна банка може да стане единствената со негативна каматна стапка

Швајцарската централна банка може да стане единствената со негативна каматна стапка од септември наваму, бидејќи повеќето регулатори ширум светот веќе почнаа или се подготвуваат да ја заоструваат монетарната политика, пишува „Reuters“.

Повеќето економисти анкетирани од медиумите прогнозираат дека банката ќе ја остави непроменета каматната стапка овој четврток, кога ќе одржи седница, а на почетокот на следната година ќе го подигне показателот на нула.

Дваесет и четири од 26-те економисти очекуваат швајцарската централна банка да ги задржи каматните стапки на минус 0,75% во четврток, најниската во светот и задржана од 2015-та година.

Двајца испитаници сметаат дека може да има зголемување на каматната стапка за 25 базични поени. Последно тоа се случи пред 15 години.

Деветнаесет од сите економисти предвидуваат дека каматните стапки ќе достигнат минус 0,50% или повисоки во септември. Четири од нив сметаат дека показателот ќе биде на ниво од минус 0,25%.

„Банката веројатно не сака да чека предолго за да започне нормализирање на монетарната политика“, вели Андреас Рис, економист во „UniCredit“, кој вели дека ќе има зголемување на каматните стапки во септември. Според него, прозорецот за акција за банката може да биде затворен поради значителни геополитички и економски ризици, како што е забавувањето на светската економија, а тоа би и наштетило на Швајцарија, чија економија зависи од извозот.

Само 6 од 26 економисти сметаат дека каматните стапки ќе бидат нула или повисоки до крајот на годината. Мнозинството – 17 од 23 – предвидуваат дека цената на кредитите ќе го достигне ова ниво до крајот на првиот квартал на 2023-та година.

Инфлацијата во Швајцарија во мај достигна 2,9%, што е највисоко ниво во последните 14 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП