10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Амбициите на Русија се од Варшава до Софија

Зеленски: Амбициите на Русија се од Варшава до Софија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата ја повика Европската унија да и дозволи на неговата земја да го започне патот кон членство во алијансата, предупредувајќи дека територијалните амбиции на Русија се протегаат од Варшава до Софија.

Во говорот за двата дома на чешкиот парламент преку видео врска, украинскиот лидер повика и на нови европски санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

„Русија не е заинтересирана само за нашиот Мариупол, Северен Доњецк, Харков и Киев. Не, нејзините амбиции се насочени на голема површина, од Варшава до Софија“, рече Зеленски, без да даде докази за тоа тврдење.

„Како и во минатото, руската инвазија на Украина е првиот чекор што му е потребен на руското раководство за да го отвори патот кон другите европски земји, да ги освои другите народи.

ЕУ воведе шест рунди санкции против Русија, а Украина сака седма со цел дополнително да го зголеми притисокот врз Русија и да ја запре војната.

Се очекува Европската комисија оваа недела да ја објави одлуката за барањето на Украина за кандидатски статус, пред европскиот самит следната недела. Добивањето кандидатски статус е првиот чекор кон долгиот процес на приклучување кон алијансата.

„Да и се даде сега кандидатски статус на Украина ќе биде доказ дека европското обединување е реално, дека европските вредности навистина функционираат, а не само наведени во некои документи“, додаде Зеленски.

Тој рече дека по нацистичката окупација и децениската советска доминација, Чесите знаат каде води компромисот и што се случува по отстапките за тиранијата.

„Човек кој сака да освои сè, никогаш нема да запре откако ќе добие само дел од она што го сака“, предупреди тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП